Нашите партнери

Субјекти кои ја прават нашата работа тоа што е.

Носител

Како невладина и непрофитна организација,  Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица) има за цел застапување на интересите и правата на лицата со попреченост во интелектуалното функционирање. Своите активности ги реализира како една од локалните организации на Републичкиот Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, чие седиште се наоѓа во Скопје.

ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица е единствена невладина организација во општина Струмица и поширокиот струмички регион која ги обединува лицата со интелектуална попреченост и единствена организација во која функционира вонинституционална форма на заштита на тие лица – Социјален Клуб.

Визијата на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмиц е целосна интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во општеството, нивно потполно прифаќање од страна на лицата без попреченост, пристапност до сите можности во заедницата и учество во културниот, образовниот и воопшто социјалниот живот.

Poraka strumica logo

Контакт информации:

Адреса: ул. „Крушевска Република” бр. 21, 2400 Струмица, Македонија
Е-mail: sonja_poraka@yahoo.com
Web page: www.porakastrumica.mk
Тел. +356 71 311 804

Партнери
Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА (РЦПЛИП – ПОРАКА)
Poraka republicki logo

РЦПЛИП – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Македонија. Како субјект има остварено статус на Национална инвалидска организација (согласно Законот за инвалидкси организации), и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика.

РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 20 локални организации во земјата и нуди координација и стручно-методолошка помош на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица во сите активности.

Контакт информации:

Адреса: ул. „Орце Николов” бр. 122, 1000 Скопје, Македонија
Е-mail: poraka@t.mk
Web page: www.poraka.org.mk
Тел. +389 2 3296 961

Оваа програма е финасиски помогната од Општина Струмица, преку преку V2 Програмата од Буџетот на општина Струмица за 2023 г. за финасирање на здруженија и фондации.

Контакт информации

Адреса: ул. „Сандо Масев” бр.1, 2400 Струмица, Македонија
Официјален e-mail за контакт со општината: info@strumica.gov.mk
Web page: www.strumica.gov.mk
Tел. +389 34 348 030

Општина Струмица
opstina-strumica
Skip to content