Водич
Водичот содржи информации, принципи, вредности и чекори за трансформација на јавните места во пријателски места на попреченоста во заедницата.
Истиот содржи чекори кон реална адаптација на местата од јавен карактер во заедницата во пристапни места за лицата со попреченост.
Водичот е основна идеја-водилка за системот за т.н. сертификација, кој ќе им овозможи на приватните сектори и јавните субјекти да аплицираат и да се стекнат со амблемот „Пријателски места на попреченоста“ или „Disability friendly spaces“.
Главниот критериум кој е вклучен во водичот е приспособување на физичките простори за поддршка на лицата со попреченост. Прилагодувањата се наведени преку практични совети за различни субјекти: 1.) институции: библиотеки, музеи, театри и сл., и 2.) приватни субјекти: супермаркети, кафетерии, ресторани, хотели и сл.
Самите прилагодувања, објаснети детално во водичот, се насочени, како и базирани на принципите од Конвенцијата на ОН за правата на лицатасо попреченост.
Тие вклучуваат:
- поставување на пристапни рампи на влезовите, лифтови доколку субјектот е на повеќе катови,
- пристапни веб-страни,
- информации за услугите на субјектот на Брајово писмо (на пример мени во ресторан на Брајаво писмо),
- просторно уредување за полесна мобилност на лица кои користат помагала за движење,
- адаптација на светлото внатре во објектите,
- контрола на музиката и звуците по потреба,
- паркинг места за лица со попреченост,
- визоелно означување низ самите објекти за полесно движење (тактилни патеки, адаптирани тоалети за лица со попреченост, лесно читливи знаци за снаоѓање во самите објекти и сл.) итн.