Don't forget to set alt text.

Амблем за
Disability Friendly Space

Согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, државата е должна да обезбеди највисок достапен стандард на заштита, без дискриминација врз основа на попреченост, како и обезбеди пристап за лицата со попреченост до сервисни услуги.

Пристапот до објекти, трансппртни услуги и јавни институции и останати услуги е недоволен, како и не се обезбедува доволен пристап до информации и комуникација.

Tргнувајќи од ова, со означувањето на Вашиот субјект како DISABILITY FRIENDLY SPACE, ќе покажете повисока општествена одговорност, свесност и разбирање и ќе бидете подготвени да направите одредени прилагодувања за да бидете попристапни за лицата со попреченост.

Зошто вашата институција, бизнис
треба да се здобие со амблемот?

Привлечете нова база на потрошувачи: лицата со попреченост честопати бараат специфични места што ги задоволуваат нивните потреби. Со тоа што ќе бидете на оваа платформа, можете да го зголемите вашиот досег и видливост.

Бидете општествено одговорен бизнис: Платформата ќе биде дел од вашиот маркетинг план за промоција на вашата посветеност на инклузија и пристапност, што ќе го подобри вашиот углед.

Зголемете ги приходите: Многу лица со попреченост (и нивните семејства) имаат куповна моќ. Платформата ќе ви помогне да се вклучите во овој пазар.

Без обврски однапред: Со три-месечен бесплатен пробен период, можете да го видите влијанието пред да одлучите да се претплатие на еден од нашите рекламни пакети.

Don't forget to set alt text.

1.

Ќе Ви биде доставено логото на АМБЛЕМОТ ЗА DISABILITY FRIENDLY SPACE за употреба на документација и веб-локации и сл.

2.

Банер од Вашиот субјект ќе се наоѓа на нашата мапа и нашите корисници полесно ќе Ве лоцираат Вас и Вашите добра и/или услуги.

3.

Ќе бидете промовирани (согласно избраниот пакет) на нашите платформи и социјални мрежи, како и на нашите продажни штнадови на кои ги продаваме нашите рачкни изработки и други акции во заедницата.

Приклучи се

Контактирајте нè и бидете дел од нашата заедница.

Skip to content