За платформата
Носечката идеја на платформата е:
1. Промоција на ПОПРИСТАПНО општество за лицата со попреченост (креирање на општествено-одговорни јавни и приватни субјекти);
2. Поголема ВКЛУЧЕНОСТ на лицата со попреченост во активностите во заедницата (поголема инклузија на лицата со попреченост).
Едукативната програма ќе помогне полесно да ја разберете попреченоста и потребата од адаптација за креирање на пристапни места за лицата со попреченост.
Самата апликација може да ја користи СЕКОЈ БЕСПЛАТНО кој сака да лоцира пријателски места на попреченоста - места адаптирани и пристапни за лица со попреченост.
Онлајн тренинг
Тренингот е составен од 4 модули.
Модулите се создадени за да дадат основни информации за разбирање на попреченоста во различни области од животот. Кога ќе ги завршите модулите, ќе Ви биде даделен сертификат за завршен тренинг и ќе бидете означени како „Амбасадори на пристапноста за лицата со попреченост во заедницата“.
Модул 1
Опфаќа теми за општата идеја за попреченоста и ќе Ви помогне полесно да ја разберете.
Модул 2
Посветен на тоа што значи пристапноста и потребата од адаптација на околината.
Модул 3
Дискутира за сетилниот, когнитивниот и социјалниот аспект што се однесува на попреченоста.
Модул 4
Опфаќа практичен аспект за тоа како сите претходни информации и совети да ги користите во места во кои што работите, како и во своето пошироко опкружување, со цел да станете амбасадори на пристапноста за лицата со попреченост.
Што треба да направите?
01
Регистрирај се на платформата со е-маил адреса и лозинка.
Пополни го краткиот формулар со основни информации.
Нашите оператори ќе Ве контактираат и ќе добиете повратен е-маил со кој ќе ја потврдиме Вашата апликација и учество. И може да започнете со тренингот!
Што понатаму?
Ќе се здобите со сертификат и ќе станете Амбасадор.
Ќе оствариме понатамошни сорабокта и ќе поптишеме меморнадум за соработка, со што ќе констатираме сериозна заложба за понатамошна имплементација на критериумите и чекорите за трансформација.
Заедно ќе креираме план за трансформација на Вашиот субјект во пријателско место на попреченоста во заедницата.
Место на нашата мапа на пријателски места на попреченоста, преку рекламни пакети базирани на претплата, кои нудат видливост, кредибилитет и можност за ангажирање со растечка, лојална база на клиенти посветени на инклузија.